Македонскиот народ знае да покаже солидарност кога највеќе треба
Озбек Ајваз е скулптор кој својата инспирација ја гледа онаму каде што повеќето од нас би виделе стар метал и отпад! Неговите скулптури се хармоничен спој на неспоивото и претставуваат уникатно парче на уметност достојно за восхит.
Од кога започна да се интересираш за уметност и кои беа твоите први чекори кон создавање скулптури?
Moите први почетоци на творење скулптури почнува во Средно, На приемниот испит во средно уметничко сакав на отсекот графика да се запишам но бев примен на вајарство, 3ти септември 2013 та година на час по вајање кај проф. Ангел Нацевски е мојот прв контакт со глината и скулптурата.
Каде ја наоѓаш инспирацијата и како изгледа процесот на наоѓање компатибилно парче метал?
Инспирацијата најчесто ја наоѓам во нашиот социјален живот. Процесот на наоѓање на метал најчесто го вршам преку отпади и љубители на уметноста кој ке ми донираат отпад со цел за поголемо творење на скулптури.
Колку време трае процесот на изработка на една скулптура?
Уфф тоа е тешко прашање се дешава скулптура да почнам да ја работам потоа неколку месеци да стој на страна во меѓу време друга скулптура правам.
Имаш ли омилена скулптура?
Сите скулптури кој ги правам си имаат своја приказна и посебно значење, затоа ни едната не ја одвојувам како омилена. СИТЕ МИ СЕ ОМИЛЕНИ!
Освен со изработка на скулптури со каква друга уметност се занимаваш?
Освен изработка на скулптури се занимавам со индустриска уметност, ѕидна декоративна уметност, сликарство и графика.
На твојот Инстаграм профил објави дека продаваш дел од своите скулптури со цел помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Како помина оваа акција, дали се луѓето во Македонија хумани?
Веста за земјотресот ја прочитав рано наутро, на телефонски разговор со колегата Ертунч Сали покренавме иницијатива за продажба на уметнички дела преку социјалните медиуми, оваа иницијатива се прошири и многу други колеги се вклучија на сите посебно им се забалагодарувам. Акцијата помина одлично и многу сум среќен што Македонскиот народ знае да покаже солидарност кога највеќе треба.
Кои се твоите планови за во иднина?
Оваа година смремам самостојна изложба која се вика МРАК на 10 ти јули во Галеријата ЦАЦ – Центар за современи уметности во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Сите љубители на уметноста се поканети. Исто така имам учество на неколку групни изложби во и надвор од Земјата.






















