Став на власт

ИСМЕВАЊЕ

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија

Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама  на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Северна Македонија Западна Бугарија, на што се насмеа премиерот Димитар Ковачевски.

На самитот на SEECEP во Солун во петокот, грчкиот премиер Киријакис Мицотакис, ги претставуваше  македонските колеги на германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама упадна и му рече на Ковачевски дека тој е премиерот на иднината „Западна Бугарија“.

Рама и Ковачевски беа мета на критики, поради недипломатска шега како и пради тоа што македонскиот премиер не одговори на тоа, туку само се насмеа.

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %