За патриоцките работи
Пишува Про Метеј
Терминот патриотизам на ова наше балканско – буре барут поднебје го доживував како запалено чкорче крај канта бензин сè додека не размислив подобро што значи да се биде патриот. Патриотизмот е социјална, етичка и културолошка карактеристика на една индивидуа која битисува на одредена територија. Овој пат ќе бидам кус и ќе ги споделам моите Десет патриотски заповеди:
1.Патриотот е лојален на системот и институциите;
2.Патриотот се грижи за околината и природата;
3.Патриот е оној којшто вложува во себе како индивидуа;
4.Патриотот учи за различните од него;
5.Патриотот не е саможивен и се грижи за своите сограѓани;
6.Патриотот почнува со позитивните промени од себе;
7.Патриотот помага во напредокот на другите;
8.Патриотот се грижи за своето психофизичко здравје;
9.Патриотот успева својот кариерен развој да го насочи кон општо добро;
10.Најважно – патриотот ги почитува останатите патриоти!
Кога сите би се воделе од овие Десет патриотски заповеди и би ги оставиле на страна празните зборови и догми, нашето, а и сите други општества, би имале „чист пат“ кон развој и напредок.
Слично како и со терминот „демократија“ сметам дека е крајно време да погледнеме од друг агол на патриотизмот (читај родољубие) со цел добивање на нова динамика на делување, што би рекол Мисирков во статијата За Македонцките работи, мисли за однапред. Мисли Прометејски!


















