Етно Кујна Вила Елена
Семејството Милановски се чувари на традицијата и вкусот во Етно Кујна Вила Елена. Новица, Бети, Даниел и Елена се семејство кое на само 20 километри од Скопје во прекрасна природа приготвува традиционални домашни специјалитети за своите гости!

Со работа започнавме пред 10 години, кога останавме без работа во Скопје и решивме да се преселиме во Скопје, каде што ја имавме викендицата, велат тие.
Во ова семејство секој си има своја „улога“. Главна за домашните јадења е Бети, Новица се грижи за козите од чие млеко се произведува превкусен козји кашкавал, козјо сирење и козја моцарела! Даниел и Елена, по чие име е крстена вилата, раководат со вилата и се грижат за нејзино функционирање.

За природата и околината на Бродец велат дека оставаат без зборови, а се наоѓаат само на 20 километри од Скопје. Градината на вилата изобилува со цвеќиња, а се е уредено во традиционален стил.
Од храна приготвуваме традиционална вртена пита, качамак, тавче гравче, кала, пинџури, секакви печења меѓу кои и нашето традиционално печено јаре!

За селскиот туризам велат дека е макотрпен бизнис, а дополнителен товар претставува фактот што се работи за семеен бизнис кој е базиран на сопствениот труд, велат тие.
Од државата и локалните власти нема слух за подобрување на инфраструктурата за пристап до селото, ниту воопшто за разбој на овој вид на туризам, па затоа мора да се снаоѓаат сами.
Останува единствено барем на кусо да се оддалечите од скопскиот асфалт и да се препуштите на убавините на Етно Кујна Вила Елена!


















