Став на Костовски

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ

Посетата на Жосеп Борел во Скопје, двојни стандарди на ЕУ

Со големо внимание го пратев доаѓањето во регионов на господинот Жосеп Борел, Висок претставник на ЕУ и изразувам длабоко незадоволство од пристапот на ЕУ кон регионов, кон земјите кои сè уште немаат кандидатски статус и не се дел од европското семејство. Замислете, Борел доаѓа во Скопје, свесен дека евро-скептицизмот е веќе присутен меѓу нас граѓаните во југозападниот дел на Балканот, не ветувајќи датум, туку ветувајќи волја дека еден ден ќе бидеме дел од европското семејство.

Преговорите меѓу Македонија и Бугарија се во ќорсокак. Ние, Македонците не гледаме излез доколку Бугарија не го промени ставот.

Руско-украинската војна веќе наметнува нови правила на размислувања. Евидентно е, нештата се менуваат од корен, не само на европскиот континент, туку на целата земјина топка.

Многу е чудна посетата на господинот Борел во Скопје и да не убедува дека нашето место е во ЕУ во време кога цел свет трепери од можна нуклеарна Трета Светска војна. Уште почудно е што господинот Борел нуди само волја за наше идно членство, при тоа упатувајќи нѐ дека мораме со Бугарија да ги регулираме нашите меѓусоседски односи. Почитувани пријатели, ова ми изгледа на една стара голема мудрост која вели: Кокошката и свињата решиле да компензираат меѓу себе и заеднички да живеат. Кокошката и вели на свињата јас ќе давам јајца, ти ќе даваш маст и ќе си живееме, на што свињата се освестила и рекла дали мене треба да ме заколете за да ти дадам маст. Токму такви се барањата што модерна Европа ни ги испорачува за договор со соседна Бугарија, а тоа е убиство на нашата Македонска посебност. Тука завршуваат сите можни компромиси.

Европската Унија се наоѓа во многу специфична состојба, поради сировинската и енергетската зависност од Руската Федерација. Санкциите кои Русија може да ги преземе може да бидат многу болни за целата Унија. Во догледен период Европската Унија не може да се ослободи од зависноста за набавка на суровини и енергенси од Руската Федерација, а тоа во превод значи колабирање и можно распаѓање на оваа Унија. Иднината на ЕУ е во прашање. Ние на Балканот сме останале и преживеале и во многу потешки времиња и затоа сметам дека е крајно време недвосмислено да ѝ се даде на знаење на Европската Унија дека ние како граѓани на Македонија не сме спремни да влеземе во Европското семејство по секоја цена. Судбината на граѓаните од Украина каде денеска се води војна е најголемото разочарување во Европската Унија. Самобендисаноста на ЕУ и елитизмот којшто владее во самата Унија може да доведе до нови конфликти на Земјината топка. Да не заборавиме, и двете Светски војни започнуваат на Европскиот континент, а овој факт сам за себе говори дека самата Европа е најтрусното подрачје за нов воен конфликт од светски размери.

Заклучувам: Волја имаше цели 32 години за членство во европското семејство од наша страна. На кој начин беа примени прибалтичките земји, Романија, Бугарија и Хрватска во овој век? За Република Македонија секојпат се бараа посебни услови за наше идно членство во ова семејство во споредба со многу држави кои денеска се дел од оваа Европска Унија.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %