Трамп ја менува стратегијата на преговорите со Русија
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од намерата преку големи трговски зделки меѓу САД и Русија да влијае врз мировните преговори за окончување на војната во Украина, објави „Фајненшал тајмс“.
Весникот пишува дека специјалните американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги известиле европските партнери дека деловната соработка меѓу американски и руски компании веќе не претставува клучен елемент на предлозите кои Вашингтон и ги доставува на Москва во преговорите.
Руската страна јасно ставила до знаење дека не е заинтересирана за големи зделки меѓу САД и Русија кои би влијаеле врз мировните преговори со Украина.
Тоа доведува до промена на американскиот пристап и Вашингтон веќе нема да им придава значење на економските аранжмани во дипломатските напори за окончување на војната во Украина.


















