Свет

САД со нови економски санкции за Иран

Администрацијата на САД синоќа воведе нов пакет економски санкции против Иран, со цел да го прекине финансирањето на Техеран.

Санкциите опфаќаат „повеќе од дваесет менувачници, фиктивни компании и поединци во Иран, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Хонгконг, кои го поддржуваат паралелниот банкарски систем на Иран, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Вашингтон тврди дека Техеран со години го заобиколува западниот финансиски систем.

Иранските паралелни банкарски мрежи остануваат меѓусебно поврзани на сите континенти, особено во ОАЕ, Хонгконг и Сингапур, се истакнува во соопштението на американското Министерство за финансии.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %