Свет

Кина ја лансираше „Шенжу-24“ со првиот странски астронаут

Кина успешно го лансираше вселенското летало „Шенжу-24“, со кое тројца астронаути се упатија кон кинеската орбитална станица „Тјангонг“.

Леталото беше лансирано од вселенскиот центар Џиукван во северозападна Кина, со помош на ракетата-носач „Лонг Марч-2Ф“.

Во екипажот се командантот и пилот Танг Хонгбо, инженерот за лет Ву Ји и пакистанскиот астронаут Мухамад Зишан Али.

Неговото учество претставува историски момент, бидејќи тој е првиот странски астронаут кој ќе ја посети кинеската вселенска станица „Тјангонг“.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %