РАЗЕДИНУВАЊЕ
Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака го честита Илинден и не одржа традиционален говор на Мечкин Камен. Според него, она што досега се случувало во Крушево е повеќе разединување отколку обединување, следејќи ја целата досегашната пракса на прослава на националниот празник. Поради тоа тој го менува досегашниот начин на прослава
Замислата е дека со овој начин на прослава ќе се постигне поголема сплотеност и ќе овозможи вистинско честување на Илинден како симбол на обединување. Според досега востановената пракса шефот на државата, на Владата и спикерот на Парламентот се ротираа, секоја година на Крушево, Пелинце и во Скопје.

















