Свет

Костовски: Мора да постои дисциплина

Во текот на вчерашниот ден низ цела Германија беа одржани протести под мото ДОСТА Е против мерките во борбата против вирусот КОВИД-19.

По овој повод, бизнисменот и филантроп Трифун Костовски потсети дека се работи за една од најдемократските членки на Европската Унија, каде законите важат за секој поединец, без разлика на неговиот статус и позиција.

– Многумина од нас ваквиот пристап на полицијата го осудивме, меѓутоа кога подлабоко ќе размислиме, или можеби кога јас подлабоко ќе размислам доаѓам до заклучок дека ваквите брутални напади врз демонстрантите од страна на германската полиција се можеби и оправдани, изјави Костовски.

Причините за веквиот негов став се сознанијата дека и во најразвиените демократски земји во светот, демократијата завршува во оној момент кога е загрозена безбедноста на поединецот и на целото општество.

– Под демократија често пати подразбираме дека можеме да правиме сè што сметаме дека е наше лично право како поединци или групи. Кога денешниов цел свет се соочува во борба со веќе неколкупати мутираниот вирус КОВИД-19, мора да постои дисциплина на комуникација, дистанца, носење маски и одржување хигиена. Кршењето на ваквите веќе со закон утврдени мерки во оваа борба е казниво дело. По вокација демократијата не смее да биде анархија и токму во моментите кога се демонстрираат анархистички појави кој го загрозуваат поединецот и државата, бруталноста на институциите станува реалност. Почитувани, ова е деликатно прашање, бидејќи меѓу демократијата, анархијата и бруталноста, постои само една тенка црвена линија. Дали секој пат ќе ја погодиме таа линија? Е, … тоа е прашање на мудроста, подвлече Костовски.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %