Македонија

Костовски: Нема правда, нема мир !

Бизнисменот и филантроп Трифун Костовски денеска на својата страница на Фејсбук информира дека во последните неколку дена бил  повикуван во архивата на Кривичниот суд за да подигне решенија по жалби поврзани со стечајот на Еуростандард банка, со кои се одбиваат сите негови жалби испратени до овој суд согласно предвидените процедури.

Објавата на Костовски ја пренесуваме во целост:

Станува пракса во решенијата, потпишани од претседателот на Совет каде жалбата се одбива како неоснована. Најотворено го прашувам Обвинителството, Основниот кривичен суд и институциите на прогонот, ако моите жалби се неосновани и се одбиваат, да ми посочите точно за што сум јас обвинет да денеска бидам осомничен? Јас осомничен! Голем дел работев надвор од Македонија каде спечалив. Сиот капитал го донесов во Македонија. Голем дел од капиталот беше внесен во самата Еуростандард банка, говорам за мој лично стекнат капитал, не од Македонија. Јас да бидам осомничен дека јас свесно сум се крадел самиот себе или сум сакал банката да оди во стечај, тоа е небулоза од невиден размер. Се прашувам во која држава живеам, кои луѓе и со каков интегритет ја водат оваа држава и институции.

Почитувани пријатели, едно нека биде јасно на сите, инволвирани дирекно или индиректно во овој случај, за мене ќе важи паролата „нема правда, нема мир“.

Нема да дозволам луѓе кои во основа покажуваат нечовечки однос да ми го рушат моето достоинство.

Често пати си ја повторувам мудроста која сама по себе ми се наметна, бидејќи цел живот водилки ми биле достоинството, чесноста и хуманоста, да денес во името на моите сограѓани, некои луѓе на истурени позиции се трудат да ми го одземат она што за мене е најсвето, а тоа е достоинството.

Ја повторувам мислата, Господе, чувај ме од самиот себе, невозможно е да се биде присебен во вакви неправди, ама ќе издржам.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %