Сексуална азбука

Буква З

З-Задник!

Задникот изби на врвот на топ-листата секс атрибути и така од задница стана предница – многу жени, а и мажи со добро оформен задник, му оставаат преден простор на задниот дел, или задниот влез. Погледнете ги само позерските агли, на оние кои си го носат задникот како најмаркантен дел од телото, кадарот е врз газот. Задникот или народскикажано газот стана urbi et orbi, се слуша и разгласува за него насекаде, се одржува, тренира, подмачкува, естетски коригира и ги ужива своите пет минути. Историјата му била наклонета, но за разлика од вештачките милениумски бразилски газиња со силиконски перничиња, порано биле 100% природни, генетски пренесувани и афирмирани низ разни општествени уредувања. Ослободувањето на женските гради, кои љубопитно sиркаат од тесните корсети, е при крајот на 18 век, додека женските нозе слободно ќе зачекорат откриени со мини здолништа дури во 20 век. Е, новиот милениум му го врати на задникот пиедесталот, стана носител на листа и симбол на време кога те боли газот за сè, освен за личен материјалистички бенефит, оти газот сака удобни седала. Задникот стана симбол на престиж, може да се стекне со стекнат капитал, да се нарача по каталог, на голема радост на естетските хирурзи кои имаат полни раце газови за корекции. Колосално откритие на новиот милениум, впрочем и зборот е од старогрчко потекло koilos, (латински culus). Во некои светски јазици има повеќе јазични изразни единици или синоними. Италијанците ги користат термините: deretano, lombi, culo, posteriore ili glutel; Англичаните и Американците: fanny, bum, ass, backside, tail, rear-end, bottom; Германците: Gesaess, Hintern, Popo, Po, Arsch, Podex, verlaengerter Ruecken, Sterz, Kiste, Stinker, Bierarsch, Hinterteil Ништо помалку креативни не се ни Србите, познати и по своите сочни пцости на тема задник (да не ги цитирам), ги користат жаргоните: буља, шупак, дупе, позадина, реп, фанфуља, тртица, гуза, кењара, гузос, буљон и сл. Нас Македонците, особено Македонките нè бие добар глас за голем газ со онаа стара народна г’зозборка: „ниска набиена во газот развиена“. Немаме баш многу синоними за задник и нема потреба кога сме генетски предиспонирани за големогазовци. Да имаш голем газ, значи да имаш и голема храброст – „имаш газ“ за смели чекори е чист фразеологизам исто колку и „валкан газ“ или „не му е чист газот“. Скулптурата од теракота на Големата мајка, божица на плодност, пронајдена во неолитската населба „Тумба“ Маџари во 1981 год. е со висина од 39 см и голем задник, симбол на мајка родилка кај древните народи. Култното божество има улога на семејно светилиште кое го чува мирот во домот и симболизира мајка хранителка со мали гради и предимензиониран задник. П.С. Можно е Ким Кардашијан да истражувала кај Говрлево и дошла до заклучот дека големиот задник на Големата мајка може да го патентира и лансира во светот на хипереротизацијата на секс атрибутите. А можевме и ние, така добро газерски да го лансираме во светот на модата, поприродно и поавтентично од вештачките задници на кланот Кардашијан, само да ни текнеше од кај газот, а не од кај мозокот.

З-Зоофилија: (zoon + philein – сакање животно), неприродно, бестијално, еротско и сексуално задоволување со животни, во библијата препознатливи како содомија по градот на разврат Содома. Кај животинскиот свет, во недостаток на разум, се појавува биолошки нагон кон друг вид животно (коњ и магаре, коза и овца), но кај човекот како разумно битие, таквиот нагон се смета за сексуално нарушување и психичко оштетување на личноста.

Зоофилијата е стара колку и човекот. Со сексуалноста на античките Грци и Римјани се поврзуваат разни сексуални настраности, разврат и промискуитетност. Им се припишувале на боговите и фантастичните суштества, но и на владетелите, како на пример Калигула. Овој историски лик ќе биде овековечен и на филмското платно, благодарение на режисерот Боб Гучоне, прославен како порно sвезда (какво тематско совпаѓање).

Калигула во превод значи „чизмички“, кои му биле омилени обувки во детството на идниот предатор. Го наследува престолот како внук на Тибериј, а Римјаните доцна ќе сфатат дека Калигула е тежок психопат.

Бил во страсна љубовна врска со родената сестра Друзила, организирал најразвратни оргии во историјата, општејќи со кого ќе стаса, било жени, мажи или животни. Особено задоволство му било да спие со жените на поканетите гости, во знак на гостопримство. На врвот на лудилото се прогласува за господ, а својот коњ за конзул! Бестијално однесување ѝ се припишувало и на руската царица Катарина, омажена за вистински идиот, Петар III. Германската принцеза десет години живеела како маченица, со титула на принцеза, но по долги години апстиненција, ќе го натера мажот да абдицира и ќе го исфрли од тронот и од креветот. За време на 34 години владеење, ќе ја искористи кралската моќ за сексуална супериорност, хедонистички уживајќи во културата, уметноста, префинетоста, но и со мускулести мажи и коњи

Никој не може со сигурност да докаже дека била бестијална и умрела од коњска повреда при сексуален однос.

Во многу старогрчи митови се раскажува за сексуални односи или еротски фантазии помеѓу човек и животно, како на пример митот за Минотаурот, хибрид од жена и бик. Според митот, Пасифаја имала неприродна страст кон својот сакан бик кого го чувала, хранела но и љубоморела на секоја крава што ќе му се приближи да ја оплоди.

Во националниот музеј во Каиро може да се видат папируси кои сведочат за бахати верски обреди на Египјанките со јарци, како и ритуално општење на древните Кинези со гуски. Еден од староримските закони ги осудувал жените од плебсот кои биле фатени како општат со магариња, но истиот закон ги штител отмените и богати Римјанки кои се самозадоволувале со змии, (прототип на вибратор). Двојните аршини на еден ист закон, дозволувал во јавните куќи општење со ждрепци, кози и кучки. За жал, зоофилијата ниту е само митологија ниту минато. Италијанската порно sвезда Чичолина, која влегува во италијанскиот Парламентот, влегува и во сексуален однос со својот коњ и снима порно филм. Девојката на Дејвид Бекам, пред Спајсицата која ќе го спаси од бестијалната претходничка, обелоденува дека спиела со вепар за да го навреди Бекам дека од него е подобар еден вепар. Животинскиот свет нема начин да се заштити од бестијалните зоофили, бахати и нахални човечки облици на растроени умови. Зоофилијата може да се пројави и кај стари и осамени лица, неретко и сенилни, но ниту во еден случај не се работи за здрав однос, туку за психичка растроеност, емоционален деформитет и болест.

проф. д-р Славица Арсова.

„Зоофилија е нарушување од групата парафилии и подразбира сексуална возбуда и сексуална активност со животни. Ретко се јавува како самостојно и единствено нарушување, обично е во состав на некои други парафилии. Понекогаш неоправдано и погрешно се етикетираат луѓето кои сакаат и се грижат за животни, особено возрасни лица. Постои како појавата и еротска зоофилија што претставува љубов кон животните без сексуален нагон“ – објаснува проф. д-р Славица Арсова.

За прашањето во врска со каков било вид злоупотреба на децата црпиме информации од фокусот на активностите на ПДАС Меѓаши: – „Сме направиле многу истражувања, извештаи, едукативни активности и материјали за превенција и/или интервенција во случај на злоупотреба. Од двата алтернативни извештаи за состојбата со правата на децата во Македонија, што беа подготвени минатата година – едниот подготвен од мрежа на невладини организации што работат во областа на заштитата на детските права, а другиот подготвен од група деца од основни и средни училишта од неколку градови од земјава, може да се согледа состојбата во Македонија. Истите два извештаи во ноември 2020 година беа поднесени до Комитетот за правата на детето на ООН и истите беа одбранети од самите автори на почетокот на оваа година пред членовите на Комитетот. Посебен дел и во двата извештаи е посветен на сексуалната злоупотреба, вклучително и педофилијата. Во брошурата во која се обработени политиките и алатките за превенција од злоупотреба, преку документ-публикација од едукативен карактер, на многу добар начин е објаснето не само што е сексуална злоупотреба туку и како да се препознае, како да се првенеира и како да се интервенира“ – тимот на првата детска амбасада Меѓаши.

www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/Алтернативен извештај_фин.pdf

Megasi – Kniga A4 46str MAK.PDF (childrensembassy.org.mk) втор Детски алтернативен извештај за состојбата со правата на децата ВО МАКЕДОНИЈА (childrensembassy.org.mk)

 

Можеби ќе ви се допадне

Сексуална азбука

Буква А

Ааах тој секс… Неверојатно колку многу се користи буквата А при сексуални односи, или повозвишено ...
Сексуална азбука

Буква Г

Грррр … Громогласна, Грлата, Грешна, Голем, Галантен, Геј, Големина – некому фрустрација, некому сатисфакција. Буква ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %