Љубовниците на Пикасо
Пишува Александар Василевски
ПИКАСОВИТЕ „ОЖИВЕАНИ“ ЉУБОВНИЦИ ВО СКОПЈЕ
Мора да признаам името на Патриција Касагранда не ми значи нешто посебно, можеби име кое е во потрага или пак, има претензии за афирмативна сензација да ја прикаже својата поставка во нашиот град.
Пред десетина дена имав можност да ја посетам изложбата ” Љубовниците на Пикасо“ во пријатниот амбиент од галеријата „Остен“.
Перфорираните платнени принтови се работени со димензии (100 × 100), во комбинирана техника каде доминираат пацифистички слогани, а странично триумфираат женските портрети во различни гестикулативни положби.

Во неврзан разговор со авторката се обидував да дојдам до сознание за точно сработената техника, но таа некако заштитнички тајната ја чуваше за себе не сакаше да сподели, не само со мене туку и со останатите присутни гледачи како што осознав го добиле истиот одговор.
Но, да почнеме по ред на критична анализа за тековната изложба на Патриција Касагранде.
Мене она што не ми беше тешко да препознаам беа ликовите кои надѕираа од портретните платна на актерките Одри Хепберн и Скарлет Јохансон, но имаше и портрети кои не можев да ги препознаам идентитетите, па остана мистична енигма од хроматскиот циклус на шареноликата лепеза насловена „Зајакнување“. Секако, тука асоцијативно контемплативната мисла ме воведе во промислата на сликарско, рационално или пак глобално тенденциозно зајакнување во нашата свест и потсвест.
Пофалните аплаузи одат кон делото на колоритната серија насловена „Портокалово зајакнување“ каде наидов на (по)интимистичка симбиоза, а останатите присутни гледачи веројатно својата рефлексија ја пронајдоа во неое друго дело.
За самиот крај се одлучив место да отстапам за генијот на Пикасо и неговите мајсторски изработени литографски дела
Од двата приложени оригинали би ја издвоил ” Жената која плаче“, кубистичко согледување на доловената траорна ситуација претставувајќи го крикот (дали е близок со оној на Мунк) жената која плаче, од друга страна е и нејзината химнично хероична борбеност која одгризнува дел од крпата наговестувајќи како да го сопре неподносливиот лелек низ кој минува, а сепак се справува со болката.

Неодамна читајќи осознав Пикасо својата инспиративна моќ ја пронаоѓал во делата на францускиот класицист Ежен Делакроа но и во импресионистичките ремек дела кај Едуар Мане.
Би сакал да напоменам не ни е непознат пикасовиот синдром во Македонија, а тоа е името на мојот професор од средно уметничко Димитар Манев Митко кој е впишан во светската енциклопедија на 500 најзначајни сликари и негува стилска прецизна техника на лик на Пикасо.
Тука, кон крајот би го завршил мојот рецензентски осврт за уметничката поставка од Патриција Касагранде насловена „Љубовниците на Пикасо“, а сега дали таа ја доби својата афирмативна доблесна пофалба по која дојде е прашање на време кое можеби наскоро ќе го дознаеме и одговорот.


















