Колумни

Чевел

Без чевли се раѓаме, со чевли сме кога ни фрлаат црница на крајот на патот. А за патот помеѓу ни треба тврд ѓон! А за тврдиот ѓон да не прозлизга ни треба јасна цел. Без разлика дали вртиме кругови како во македонско оро, или стрепиме право и чекориме цврсто, правецот е неизбежен конец помеѓу чевелот и ѓонот. А нашиот Македонски ѓон е неудобен, тврд, гребе, прави плускавци… Но, истиот тој ѓон е во нашиот генетски код кој е поврзан со клетото растение пиреј. Горди сме на него бидејќи врви и пркоси на се, на сите неправди и непогоди кои не следат љубоморно како сенка. Камо пирејот да беше симбол на разум, па уште еднаш да се најдевме на вистинската страна на историјата во најтешките премрежја за човештвото. Таа историја покажала дека Македонецот неизбежно страдал, но секогаш успевал да се најде на нејзината победничката страна. Низ историјата често пати сме биле „монета за поткусурување“ и сме ја имале „среќата“ друг да одлучува место нас и можеби затоа сме биле пирови победници? Ако ова е факт, дали сме во состојба вака „слободни“ да ја користиме својата глава и да носиме одлуки кои се најдобри за нас? Како и да е, одговорот барем мене ми изгледа едноставен. Биди на спротивната страна од својот историски душман бидејќи историјата се повторува!

А дали пирејот ќе биде отров или лек, за тоа ќе раскажуваат следните генерации, кои можеби ќе ја нарушат македонската „panta rei“ и ќе почнат да ги абат своите ѓонови со три напред и ниту еден назад! Но, за почеток ќе ни требаат дебели чизми бидејќи туѓите ги ставивме пред своите интереси, а тоа знае да го подмрзне тлото на кое газиме!

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %