Трифун Костовски до Љубчо Георгиевски: Клевета
Бизнисменот Трифун Костовски денеска на својата официјална стрница на Фејсбук го обвини поранешниот премиер Љубо Георгиевски за клевета.
Објавата на Костовски ја пренесуваме во целост:
Во врска со објавениот коментар на екс-премиерот и сегашен претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, имам само еден коментар: „гола клевета“. Незамисливо е екс-премиер на Владата на Република Македонија да дава коментари на својата Фејсбук страница кои се непроверени, невистинити, со еден збор лажни.
Споменатиот интелектуалец со иницијали А.М.е Алберт Муслиу и го упатувам да директно со него комуницира на оваа тема. Очекувам официјално извинување во рок од следните три дена, во спротивно ќе поднесам кривична пријава за клевета.
Линк до статусот на Георгиевски.
















