Македонија

Трговците на мало не уценуваат, велат пекарите и бараат Владата да испрати инспекции на терен

Пекарската индустрија попладнево соопшти дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа бара од Владата да ги активира инспекциските служби.
-Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат  пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена. Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите.
Пекарската индустрија денеска на прес-конференција соопшти дека ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но и дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %