Став на опозиција

ТЕАТАР

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕ НА БЕЗГЛАСНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПЕНДАРОВСКИ

Ја известуваме македонската јавност дека двајцата пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на парламентарната 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски.

Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кои ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека човек кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност.

Пендаровски, познат по својот некреативен дрвен евро-атлантски новоговор и апологет на сервилниот и невизионерски НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „Татко на нацијата“. Како приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците, неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари.

Да живее слободна и суверена Република Македонија!

 

ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ, ПРАТЕНИК НА  ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Обраќањето на претседателот Пендаровски беше предвидливо, невпечатливо и без изненадувања. Тој не успеа суштински да се отргне од сенката на Заев и политичкото блато во кое ја донесоа државата. Пендаровски не е никаква кочница на власта која е закопана во криминал, корупција, и безидејност.

Може да се забележи еден театар на наводни несогласувања, исценирани вербални напади на адреса претседател на држава и претседател на влада каде се однапред им е договорено, а кога ќе дојде време за суштинско делување стево пендаровски и зоран заев се едно исто. Пендаровски не направи ниту еден потег со кој ќе одигра за интересите на македонија, тој игра само на страната на заев. Пендаровски не направи ниту еден чекор со кој ќе покаже дека е претседател на сите граѓани..Пендаровски е спореден актер во театарот на заевизмот.

Пендаровски денес го говореше она што тој првиот не го применува. Тој беше само коментатор кој само констатира, наместо претседател кој делува.

Пендаровски можеше но не покажа дека демонстрира одговорност и владеење на правото. Неговата лажна заложба завршува во моментот кој тој одлучи да молчи за афери како рекет, издавање на пасоши на белосветски мафијаши, за сомнителното иземање од одговорност за тетовската несееќа со ковид болницата, несреќата во бугарија со 45 жртви. За алучајот на Ден Дончев и редица други случаи. Воедно тој одмолче и за списокот на помилувања кои само поради реакција на јавноста беше повелчен.

На државата и треба претседател а не статист во театар и коментатор. Тој не понуди визија, ниту решенија.

За жал претаседателот Пендаровски не излегува од сенката на Заевизмот.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %