Став на опозиција

СТРАВ ?

Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: Од што се плаши СДСМ што не сака да поддржи Декларација за да го заштитиме и да се обединиме околу Гоце Делчев?

Декларацијата за Гоце Делчев е поднесена со намера да биде поддржана и тоа да бидат црвените линии покрај Резолуцијата која ја изгласавме во Собранието.  Поучени од минатото сметаме дека треба и околу ова прашање да имаме е заеднички став по однос на отворените преговори со Софија да не се оди надвор од тие црвени линии, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за во Собранието да се изгради став за најголемиот македонски деец врз кој се врзува историјата и тоа да биде одредување на крајните линии и граници.

Мицевски посочи дека  договорот кој го потпиша Заев со Бугарија ни отвори проблеми кои досега ги немавме.

Договорот кој Заев го потпиша за кој кажавме дека има одреден број на проблеми. Со неколку потчукнувања на грбот од страна на Борисов се потпиша тој Договор за добрососедство и тој договор почна да продуцира проблеми.  Ако власта вели дека никој не го чепка македонскиот идентитет, еве шанса да го заштитиме, рече Мицевски.

Тој прашува од што се плаши СДСМ за да го заштитиме Гоце Делчев и да кажеме дека околу него ќе застанеме и ќе дадеме целосна поддршка?

 

ДЕКЛАРАЦИЈА

ПО ПОВОД 150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

  1. Констатирајќи го огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на големиот македонски син Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност, ние пратениците на Собранието, со оваа Декларација натамошно го афирмираме наследството, улогата и значењето на оваа, без сомнение централна личност од македонската историја.
  2. Имајќи ја во предвид големината на Делчев како идеолог и борец за остварување на целите на македонското ослободително дело, ги повикуваме електронските медиуми во државата, во рамките на можностите, во текот на 2022 година да интегрираат во програмата пригодни содржини со кои ќе се афирмира овој јубилеј.
  3. Констатирајќи го високо моралниот и демократски карактер на ставовите на Делчев, ја повикуваме државната компанија за поштенски услуги, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да издаде поштенска марка со која ќе се одбележи овој важен јубилеј за македонската држава.
  4. Антиципирајќи го вонременското значење на силните заложби на Делчев за соработка и за натпревар помеѓу народите, ги повикуваме Институтот за национална историја и Македонската академија на науките и уметностите, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да организираат соодветни настани и да реализираат соодветни проекти со кои ќе се одбележи 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
  5. Акцентирајќи го длабоко моралниот карактер на ставовите на Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот, го повикуваме Министерството за образование и наука во текот на 2022 година, во согласност со своите надлежности да преземе активности со кои на одделенските часови во основните училишта ќе се информираат учениците за ликот и делото на оваа личност од македонската историја.
  6. Согледувајќи ја потребата од постојано препрочитување на најважните поглавја од животниот пат на Делчев, се задолжува Националната установа Музеј на македонската борба, во рамките на своите надлежности и можности, во текот на 2022 година да спроведе соодветни активности и да реализира соодветни проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на оваа важна историска личност.
  7. Декларацијата ќе се достави до Владата, Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметноститеи до Националната установа Музеј на македонската борба.
  8. Оваа декларација ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) е една од централните личности која со својот личен пример, достигнувања и заложби остава трајнаи неизбрилшлива трага во македонската историја.

Имајќи го во предвид споменатото, во контекст на фактот дека во 2022 година се одбележуваат 150 години од раѓањето на овој, без сомнение најголем трибун на македонското револуционерно дело, сметаме дека е особено важно Собранието да донесе декларација со која на еден организиран и достоинствен начин ќе се оддаде почит и натамошно ќе се зацврсти сеќавањето на граѓаните во однос на важноста на делото и на наследството на Делчев.

За таа цел, обзнанувајќи ја нејзината содржина на денот на неговиот роденден, а во духот на демократските вредности кон кои сме силно приврзани, со оваа декларација се предвидува повеќе државни институции, во согласност со своите надлежноси и можности, во текот на 2022 година да преземат активности, односно да реализираат проекти со кои на еден достоинствен начин низ призма на големината и значењето на делото на Делчев, ќе ги афирмираат вонвременските и универзалните вредности на оваа носечка личност во македонската историја.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %