Колумни

СМРТНА КАЗНА

Пишува Марија Јовановска, дипломиран политиколог

“Правото на државата да казнува не е ништо друго овен право на посилниот, тоа е право на силата, а не сила на правото” – Тома Аквински

 Смртната казна постоела во Хамурабиевиот законик, во Стариот завет, во Мануовиот законик, во Ноевото проклетство за потомството на Хам, во Авесаломовиот грев кон својот татко Давид, во Мојсиевите песни, во мислењето на Аристотел, Платон и Тома Аквински дека треба да постои смртна казна за тираните. Смртната казна ја среќаваме и кај римокатоличката и калвинистичката доктрина ” Vinditiae contra tyranos ” …

Оваа казна се уште трае.

Дали времето во кое живееме денес е подобро во однос на времето на Адам, Мојсеј, Ману, Хамураби, Ное, Платон, Аристотел или Аквински?

Не е, се разбира дека не е!!!

Па оттука нужно произлегува прашањето: Дали е направедно да се убие злосторник?

За ова Тома Аквински најнапред ќе каже дека смртната казна не представува примена на законот за одмазда туку дека тоа е прашање на јавно добро; дека се работи за општествена правда, бидејќи државата е таа која треба да го одстрани злото и да го заштити општеството. Така во настојувањето да се сочува општото добро власта може да го погуби оној кој е опасен за општеството и кој го расипува со грев. Вистина е дека човекот не смее да го уништува она што Бог го створил и со своја крв го откупил и не смее да му го скратува времето на ниедно суштество кое му е потребно за негово спасение.

Но, вистина е и дека прашањето за смртна казна е комплексен проблем кој бара размислување за човековата слобода, моралната одговорност и животот во општеството.

Инаку св. Тома Аквински нагласува дека судијата може од љубов да осуди пријател на смрт; но само законската власт може некому да му пресуди смртна казна, и таа е оправдана само кога штетата е непоправлива и кога се работи за исклучиво тешки случаи бидејќи не е неправедно да се убие злосторник или непријател на државата. Доколку смртта за злосторникот и државниот непријател не представува неправда, јавната власт може слободно да го применува и менува овој позитивен закон. Казната мора да биде во согласност со општествената штета и природата на стореното дело!

Христијанството не може да остане рамнодушно кога станува збор за смртната казна бидејќи овој проблем навлегува во темелните вредности кои се однесуваат на христијанското поимање на животот. Познато е дека христијанската мисла низ целата историја ја прифаќа и оправдува смртната казна, но почнувајќи од Вториот ватикански собир ги менува своите ставови по однос на ова прашање.

Христијанството смета дека непроменлива вистина е само онаа која не учи дека човечкоит живот му припаѓа само на Бога. Бог е извор на животот. А св. Павле укажува на тоа дека: Нема поголема власт од божјата, онаа која постои е од Бог поставена; “Ако правиш зло стравувај! Не носи залудно меч и тој е слуга на Бог. Ќе го искали својот гнев на оној кој зло чини”.

Понекогаш во неодлучност црквата се стреми кон милосрдие. Така на пр. Августин ќе рече дека во име на христијанската љубов на злосторниците треба да им се досуди некоја друга казна, со која ќе се избегне смртната. Но, на друго место тој истакнува дека “правото над мечот” им припаѓа на владетелите и дека на тој начин треба да се казни злото, а на праведните да им се овозможи мирен живот. А самиот страв од смртна казна може да послужи во спречување на злочинот.

Денес католичката црква најстрого ја осудува смртната казна. Најсликовит пример за тоа е гестот на папата Јован Павле ІІ кој јавно му прости на својот атентатор само 4 дена по обидот за убиство, а подоцна побара и помилување за својот атентатор, турчинот Али Агце. Неодамна пак, на третиот Светски конгрес за смртната казна папата Бенедикт XVI изјави: “Смртната казна не представува само напад на животот, туку и навреда на човечкото достоинство”.

Сега во светот постојат уште 68 држави во кои се спроведува смртна казна, додека во европската унија таа е забранета и ниедна нејзина членка ја нема во својот поредок. Европската унија е една од водечките борци за укинување на смртната казна, бидејќи смета дека е тоа нехуман чин кој не смее да се толерира.

На третиот Светски конгрес против смртна казна во Париз германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Ширак остро го осудија овој начин на казнување и нагласија дека Европа се темели на слобода и еднаквост без смртна пресуда. На конгресот се најдоа повеке од стотина судии ширум светот, кои се сложија дека е потребно укинување на оваа казна бидејќи секој има право на живот.

Кога станува збор за смртната казна секогаш се јавуваат две полемики кои се водат од два фронта. Оној кој го застапува спроведувањето на смртна казна во име на правдата и оној кој силно се бори против тој нехуман чин на задоволување на правдата. Низ историјата многу филозофи, книжевници, политичари и религиозни луѓе се занимавале со ова прашање. Смртната казна се јавува и во многу други светски класици, како религијата, политички организации, здруженија за заштита на човековите права и др, што ни зборува за големото значење на оваа дилема.

Ако јас треба да го кажам своето мислење дали сум за смртна казна, би рекла: ДА, верувам дека смртната казна треба да постои. Воопшто не гледам причина зошто личност која некого убила би требало да живее. Но само ако е 100% сигурно дека таа личност го сторила делото.

Велат дека  осудениците размислуваат за своето погубување и тогаш им проработува совеста. Но да се запрашаме дали личноста која убила 10 луѓе воопшто има совест која ќе ја прогонува? Таквите не се ништо друго освен ладнокрвни чудовишта кои мораат да убијат за самите да можат да живеат. А таквите не заслужуваат живот ни во најлоши услови.

Па и самиот Сократ кој смета дека никој на никого нема право да му нанесе штета, ниту на пријателот ниту на непријателот бидејќи со тоа нема да го направи подобар, туку напротив уште полош, подоцна основа војска чијашто основна функција е да нанесе штета, да убива!

 

Застрашувачкиот факт на нашата стварност се состои во тоа што, без разлика на зборовите на членовите на владата, без разлика на сите истражувања и анализи на високите комисии, без разлика на сите програми  и секојдневното објавување војна со криминалот, тој продолжува да расте, а заедно со него расте и разочарувањето, револтот и стравот кај граѓаните.

Во изминатите 10 год бројот на кривични дела во кои е употребено насилство е рапидно зголемен, а  многу граѓани се изјасниле дека по залезот на сонцето се плашат сами да се движат низ улиците на својот град. Криминалот во светот станува епидемија. Секоја година носи животи на илјадници луѓе. Го погодува скоро секое трето семејство. И сега додека го пишувам ова некаде ќе биде убиен човек, некоја жена ќе биде силувана, ќе настрада некое невино дете…

Ете така изгледа правниот, културниот, духовниот и политички кров на светот!

И за крај моето согласување со смртната казна ќе го поткрепам со аргументот кој можеме да го прочитаме во древниот Хамурабиев законик, а кој гласи: “Око за око, заб за заб”, па макар што можеби ова би не оставило сите слепи или без заби!

Интернет извори

http://www.yurope.com/zines/republika/arhiva/96/153/153-33.html

http://sr.wikipedia.org/sr-el/%D0%A1%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B0

http://marginalnadrustvenakronika.blog.hr/2007/03/1622257431/p-styletextaligncentersmrtna-kazna-kao-sredstvo-pravdep.html

http://www.glas-koncila.hr/rubrike_mladi.html?news_ID=12963

http://mudrac.ffzg.hr/~ltatomir/skripte/skripte/sociologija%20prava.pdf

http://www.ssblato.hr/LIPA3/smrtna_kazna.htm

http://www.glas-koncila.hr/rubrike_vjeronauk.html?broj_ID=5128

 

 

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %