ПИУН
ВМРО-ДПМНЕ
Вчера Заев ја заврши фарсата во СДСМ и го постави својот пиун Ковачевски. Токму Ковачевски е тој кој што треба да биде спроведувач на заевизмот. Членството на СДСМ виде со кого си има работа, виде дека всушност партијата им е заробена и претворена во приватна компанија на кланот Заеви.
Оттука во СДСМ после театарот избор на нов лидер, ништо не е сменето. Заев и заевизмот уште владеат со партијата, истата матрица, истите флоскули, истите штетни политики кои доведоа до тоа Македонија да тоне во корупција, економска, енергетска и здравствена криза.
Затоа заевизмот мора да биде поразен на избори, бидејќи само така може Македонија да се надева на напредок.

















