Став на власт

ОДГОВОРНОСТ

Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Објава на Фејсбук

Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме согласност со СОНК , која од претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација за синдикати за образование, беше соопштена пред целата јавност: 12% повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година.

Но, зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта.

Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува.

Ги повикуваме директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Имаат надлежности и одговараат за непостапување по истите.

Исто така, ги повикуваме и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/ носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите.

Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања. Сите имаме одговорност!

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %