Став на власт

НЕМА ПРОБЛЕМ

Министер за надворешни работи Бујар Османи

Барањето за вклучување на бугарската заедница во Уставот не е спротивно на нашите интереси, бидејќи земјава никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Сметам дека Бугарија се поместува од првичната нерационална позиција за еден народ во две држави во позиција во која што велат има една бугарска заедница со свој идентитетски и културни атрибути од таа на мнозинската заедница. Северна Македонија никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Така што, самиот факт што заедно со другите заедници – македонската, албанската, турската се бара како посебна да се вклучи и бугарската заедница е на линија на ставот дека во РСМ постојат различни етнички заедници кои имаат право да ги искажат своите атрибути, меѓутоа тоа ќе се случи како што кажа и премиерот во моментот кога ќе се отвори Уставот заради членство во ЕУ. Ние немаме никаков проблем да ја вклучиме и хрватската заедница и другите заедници бидејќи таков ни е концептот на уредување на државата во којшто признаваме колективно организирање на граѓаните врз основа на етничките карактеристики.

Не е можен реципроцитет по однос на вклучување на македонското малцинство во Уставот на Бугарија бидејќи станува збор за две различни уставни уредувања по однос на организација на граѓаните врз основа на етничката припадност во Северна Македонија и во Република Бугарија, а Бугарија согласно нејзиниот Устав не препознава, за разлика од нас, организирање на граѓаните врз основа на етничката припадност.

Значи, ниту има турска заедница, ниту има каква било друга заедница затоа што уставното уредување е такво да тие не признаваат организирање на етничка основа. За разлика од Уставот на РСМ кој што познава и признава организирање по етничка основа и затоа тој реципроцитет не е можен бидејќи РСМ се има обврзано со договорот дека нема да се меша во внатрешното уредување на Република Бугарија, односно во ова уставно уредување кое што не познава организирање по етничка основа, но тоа не значи дека граѓаните немаат право да се изразат како што сакаат.

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %