Став на опозиција

НАЦИОНАЛИЗАМ

ВМРО ДПМНЕ

ДУИ сопствениот криминал го дефокусира со ширење национализам

Добро е ДУИ да каже дали овој нејзин проект е од зелената агенда, или пак од онаа стандардната, кога треба да се краде, да се дефокусира вниманието со политички теми за ширење на национализам.

Добро би било да го објасни Ахмети бенефитот за граѓаните на Липково од споменикот, со оглед на тоа што тамошните жители се иселија во отсуство и бесконечно чекање на инвестиции.

Липково чекаше фабрика, а доби уште едно замајување, споменик и лага на ДУИ.

Секако ваквите теми и потези предизвикуваат фрустрација на останатите граѓани, и во таков еден случај кога ќе има други чекори, кога некое друго спомен обележје ќе изникне, ДУИ и СДСМ не треба да глумат изненадена страна.

Жално е што Ковачевски и СДСМ останаа неми за активностите на нивниот коалициски партнер.

СДСМ и Димитар Ковачевски како по обичај кога се случуваат вакви нешта се прават недоветни, на тој начин со нечинење придонесувајќи натамошно да се разградат кревките мостови на соживот во земјата.

ЕКСПЕРТИ

Поставувањето споменик на УЧК никако не значи зближување, туку напротив, може само дополнително да ја поттикне меѓуетничката нетрпеливост.

Според експертите, сè уште се свежи спомените од немирите во 2001-та година и мора да се внимава на потезите.

Социологот Ацески смета дека пред да се донесат вакви одлуки, чувствителни за народот, мора да се чуе мислењето на граѓаните и тоа на сите засегнати страни.

Според политикологот Атанасовски, ДУИ мора да промени нешто во политичките потези за да не се зголемува јазот меѓу Македонците и Албанците.

Секој воен конфликт значи човечки и материјални загуби за двете страни и експертите се согласни дека е во ред секој да ги чествува своите херои но, очекуваат одговорни потези со кои нема да се наштети на меѓуетничките односи.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %