Македонија

Ковачевски – Ауреску: Сега е моментот за исчекор на Северна Македонија кон ЕУ

Сега e моментот за исчекор на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, а Романија продолжува да се заложува за решение на овој пат, заклучија на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски денеска и романскиот министер за надворешни работи, Богдан Ауреску.

Како што соопшти Прес-службата на Владата, ма состанокот, Ауреску на Ковачевски му пренесе поздрав и покана за официјална посета на Букурешт од романскиот премиер Николае Чука, како и силна поддршка за евроинтеграциите на нашата држава.

На средбата е разговарано за повеќе актуелни прашања, како и за унапредување на билатералните односи.

Заеднички е потенцирана важноста на членството во НАТО и на Северна Македонија и на Романија, што ја истакна војната во Украина, како една од најзначајните одлуки што ја донеле двете држави за безбедноста и стабилноста во земјите, но и во регионот.

Разговарано е и за потребната солидарност и меѓусебна поддршка во надминување на предизвиците од војната во Украина меѓу државите во регионот, како и во рамките на НАТО и ЕУ.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата и пријателска поддршка од Романија за европските интеграции на нашата држава и упати возвратна покана до премиерот Чука за посета на Северна Македонија.

Тој соопшти дека со бугарскиот премиер Кирил Петков имаат принципиелни односи и дека Република Северна Македонија останува посветена на развој на добрососедските односи и на достоинствени решенија за отворените прашања, за двете страни.

Во однос на руската агресија во Украина, премиерот Ковачевски посочи на позициите на нашата држава коишто се поставени стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија.

Што се однесува до билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Романија, оценето е дека се одвива добро, дека трговијата бележи раст и е заеднички изразена определбата за развој на односите по важни прашања за граѓаните и за двете држави.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %