Попис 2021 е неопходен
Пописот е статистичка операција околу која сите треба да се обединиме.
Патриотски е сите политички чинители од било која партија и етничка определба најгласно што можат да испратат порака за поддршка на пописот како сопствен чин на одговорност и придонес кон ова исклучително важна државна статистичка операција.
Станува апсурдно во време во коешто го потврдивме македонскиот идентитет и јазик, сега да останеме дома за да не се попишеме, да видиме колку сме Македонци. Зборувам како Македонец на Македонец. Сега го имаме тоа како можност, од што се плашиме?
Најлесно е да се блокира, најлесно е да се одложи, да се дебатира, да се дава памет, а нема никаде никој нешто да сработи.
Затоа апелирам на одговорност од сите, затоа што оваа работа треба да ја завршиме сите. Оној кој ќе апелира за седење дома, којшто потајно ќе работи за седење дома прави директен атак врз својата татковина врз својот народ, ако сакате и врз својата етничка заедница.
Каде ни е одговорноста за татковината? Каде ни е тоа чувството после 30 години самостојност и државност да избегнуваме?
Важно да се попишеме сите, тоа е обврска е кон семејството, кон заедницата, кон регионот во којшто живееме и обврска кон татковината.
Попис2021 е неопходен и пописот е вистински патриотски чин.

















