Луѓе

Говедарник целосно не освои

Пишува Ирина

За АТВ турите во Галичник дознавме спонтано. Како љубители на планина, често се движиме низ природа, па тој ден патот не доведе токму до убавиот Галичник. На самиот влез ги сретнавме дечките од Рупикапра. Беа многу љубезни, со позитивна енергија.

Низ разговор и кратко објаснување за турите што ги прават без двоумење се заљубивме во Говедарник уште на невидено. А дури потоа и целосно да нè освои…

Приказната што се крие зад таа карпа е многу длабока, не би можела ни со зборови да ја опишам. На почеток бевме освоени од секој еден пејсаж што нашето око го сретна. За подоцна две чисти и храбри души сосема да ни ја променат сликата за светот, овчарите.

Не себично ни понудија се што поседуваат. Чај, ракија, познатото галичко сирење. Дури нè запознаа и со процесот на изработка на сирењето. Се дружевме со јаренцата тукушто родени, опиени од љубов. Чувме по некоја приказна од нивниот живот и една мелодија позната за овој крај. Вџашени од ова 3 часовно искуство,се уште споделуваме импресии. Од срце ви препорачувам да ги посетите и да ги проживеете сите овие зборови!

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %