Колумни

Благословени, благородни и благодетни дни

Нека ни се вечни најубавите христијански празници, со благородни зборови од ,, Слово за празниците,, на Кирил Пејчиновиќ. Мало потсетување како треба да се слават и почитуваат христијанските празници, оти од пагани сме станале христијани уште во 9 век, да не се враќаме назад кон паганизмот и да не поганиме уста и душа со недолично празнување. Тетовчанецот во три реченици кажал сѐ за суштината на празнувањето. Огледајте се во начинот на празнувањата и ќе си го видите ликот. Огледајте се во другиот, за да се видите себеси.
,,Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.


А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете…НЕ ПРАЗНУЈТЕ ПОГАНСКИ!…“ Заради туѓи суети, светот е во вечна војна во која најмногу страдаат недолжните. Боже прости ни – до кога ќе се преправаме дека не знаме што правиме. Барем овие денови да мислиме и чиниме добрини, оти од добрина никој не се расипува. Благодарни на Бога што е милостив кон нас…

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %