Луѓе

Ајде да играме цел ден

Спој на креативност и прецизност создава еко – едукативни играчки за деца! Оваа недела разговараме со Марко Димитриевски, сопственикот на „DCRAFT“.

Марко како дојде до идејата за основање на DCRAFT?

Идејата дојде спонтано сакајќи да ги спојам моите вештини и познавања со работа на цнц машини и желбата за изработка на уникатни и едукативни продукти наменети за најмладите.

Боенки, сложувалки, сетови … Што се е дел од асортиманот на DCRAFT?

Првичната идеја беше изработка на сложувалки-боенки во разни големини и форми за потоа да дојдам до идеја за изработка и на математчко-едукативни продукти. Освен тоа во асортиманот на Дкрафт може да се најдат и 3д сетови, дидактички играчки и сезонски продукти.

Како изгледа процесот на производство на една играчка и од кои материјали се произведуваат?

Сите продукти се изработени од еколошки материјал (шпер плоча) со различни димензии. Процесот најпрво започнува со дизајнирање во специјализиран компјутерски програм, за потоа дизајнот да се изработи преку ласерската цнц машината врз поставената дрвена плоча.

Сите продукти се „custom made“ и претставуваат домашен македонски производ.

Дали клиентите имаат можност да нарачаат играчка по нивна желба?

Да, од неодамна започнавме со изработка на персонализирани сложувалки кои се изработуваат со фотографија по избор на клиентот.

Честопати се случува нашите продукти да ги редизајнираме по желба на клиентот.

Кои се твоите планови за во иднина?

Во иднина сакаме да изградиме бренд кој ќе биде препознатлив по изработката на еколошки продукти, како и нивна секојдневна употреба во едукацијата од најраната возраст кај децата.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %