Мајски коњички турнир и 1 коло од Државното првенство во прескокнување пречки
Мајскиот коњички турнир и 1 коло од Отвореното државно првенство во прескокнување на пречки за 2022 година ќе се одржи во недела, соопштува Федерацијата за коњички спортови на Република Северна Македонија.
Според календарот на Федерацијата, Коњичкиот клуб – БРАВАДАС од Скопје ќе го организира турнирот на теренот на клубот што се наоѓа во населбата во Волково со почеток од 9:30 часот.
На програмата се пет натпревари во прескокнување на пречки во Класи А,Б,Ц,Д и дебитанти со височина на пречките од 0,60 – 1.15 метри.


















