Скопје

Воведување услуга домашна нега и помош на стари лица од Бутел и Чучер Сандево

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на почетокот на воведувањето на услугата домашна нега и помош на стари лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Услугата, е наменета за лица од над 65-годишна возраст кои не се во состојба самите да се грижат за себе.
Целта на новата услуга е да го подобри и одржи здравјето на старите лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево и да им помогне во извршувањето на активностите од секојдневниот живот.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Покрај Шахпаска, на настанот, меѓудругите, ќе присуствува и Велимир Смилевски, градоначалник на Општина Бутел.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %