ИЗГОВОРИ
Заев го пролонгира датумот за локални избори на своја рака, со надеж дека ќе го ублажи поразот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот посочи дека ќе се предложат законски измени со кои датумот за изборите би се поместил за да нема поклопување на кампањата и спроведувањето на пописот.
„Зоран Заев се плаши од соочување со граѓаните бидејќи му е јасен судот на народот. Затоа на своја рака без консултација со останатите партии бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври. Ова е спротивно на досегашната пракса, но и кршење на Уставот на Република Македонија каде јасно се утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Изговорот дека се поклопува пописот со кампањата не држи, бидејќи пописот може да се одложи за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот“, велат од опозицијата.

















