Буква Н
Несреќна буква, со неа почнуваат непријатни поими, насилни, невротични, некрофилни, настрани … „Н“ како надуен нарцис, ненаситна нимфоманија, несреќна љубов, неверство, невротичен избор на партнер, нереална желба. Најсреќните поими на буквата „Н“ се нудизмот, особено ако си на пуст остров со богови и божици и наталитетот – она што во последно време ни недостасува и во статистиката и во родилиштата, а штрковите сè поретко летаат над нас …
Н-нормално или настрано, каде е sвоното за тревога кога сексуалните нагони и желби се неконтролирани?

Некогаш, на шега може да кажеме дека настраноста е сексуална активност која и другите би ја практикувале кога би имале смелост. Сепак, едно е перверзија, друго е сексуална настраност, а трето е фетишизам, меѓу нив има нијанси разлики, впрочем како и нијансите на нашата различна сексуалност. Сè што е интимно и само ваше во вашата спална, на обострано задоволство, не е настраност, колку и да во изгледа перверзно.
Во сексот понекогаш „нормалното“ станува здодевно, а ненормалното забавно, но изборот мора да е на заемно задоволство. Најчест проблем е во нефункционалноста на гениталиите, но и во мозокот – најважниот сексуален орган. Кога имате стабилна партнерска врска базирана на љубов, почит и разбирање, нема пречки во сексот кои не може да се надминат. Згора на тоа, ако мотивот е чиста емоција, може да се надминете и во своите очекувања, да правите нешто кое за вас претходно било ненормално или настрано. Не секогаш нашето тело се однесува како што би сакале, па што? Гениталиите се само алатки кои повремено откажуваат и сè што треба е да ги оставиме малку на раат, насилно однесување врз сексуален алат би било непријатно искуство кое може да прејде во немоќ.

Едноставно оставете ги „играчките“ да преспијат и одложете ја сексуалната игра за друг пат. Добра комуникација и разговори се најмоќните алатки за надминување на сексуалната немоќ, патем поевтини од сексуалните терапии, кои би биле нужни во случај на хронично повторување на проблемот. Долг е списокот на сексуални настраности, а еве што вели проф. д-р Славица Арсова: ,,Сè што се случува меѓу партнери зад затворена врата е нормално, но доколку изворот на задоволство се доживува единствено со предизвикување или доживување болка или пак при сексуален контакт со животни или неживи објекти е сексуална настраност“.
Н-Нарцизам (Narkisos – митско име за младиот и убав лик Нарцис). Момчето било преокупирано со својот изглед, секој ден си го гледал ликот во одразот на бистрото езеро, копнеејќи по сопственото тело. Водените нимфи биле вљубени во преубавото момче, а тој пак не ги забележувал гледајќи се вљубено во езерото, кое му служело како огледало. Еден ден посакал да се бакне, се наведнал над езерото, паднал и се удавил. На местото никнал убавиот цвет нарцис. Така е запишано во митологијата, но нарцизмот е аномалија во сексуалниот живот, кога сопственото тело го доживуваш како возбуда, наместо партнерот да е извор на задоволство, сам себеси се задоволуваш и уживаш да си го гледаш, галиш и бакнуваш своето тело (според Фројд).

Многу е посериозна аномалија отколку што сме навикнати да ја толкуваме на шега, кога некој цел ден се гледа во огледало или се „селфира“. Речиси секогаш е симптом на потешка психичка деформација на личноста, какви што се невротичност, психопатија и психоза, кои неретко водат кон искривена слика за сопствениот пол. Синоними за нарцизам се: аутосексуалузам според А. Моли, аутомоносексуалузам според Х. Рохледер, аутоеротизам според Х. Еллис. Нарцисоиден човек е неспособен да сака друг. Убеден во својата претстава за непогрешивост, не трпи критики на своја сметка, а притоа ужива да критикува и омаловажува други како би си ја истакнал совршена претстава за својот лик и дело. Таквата нарцисоидност преоѓа во растројство на личноста (нарушување на личноста) и се карактеризира со екстремна тенденција да се преценуваме, да се сметаме себеси за различни и посебни. Нарцисоидно растроените сакаат да бидат видени и набљудувани, постојано им треба внимание кое ги возбудува. Кон својата околина имаат експлоататорски однос, приоритет им е само лична корист и кон неа целат со максимална посветеност. Сакаат да се славни и успешни, завидуваат на сите кои имаат нешто повеќе од нив, имаат ниско развиена емпатија и сочувство кон другите. Така што поимањето на нарцисоидноста може да оди во крајности, од бенигно опсесивно гледање во огледало до опасна психопатија.

проф. д-р Славица Арсова
,,Нарцистичкото доживување не претставува психичка тешкотија сè додека не стане растројство на личност, препознатлива со несигурност или со мала самодоверба од каде произлегува нивната ароганција, евентуално агресивно и неемпатично однесување“ – проф.д-р Славица Арсова.
Н-Некрофилија (nekros + philia = мртов + склоност): една од најбизарните филии, сексуална склоност кон мртовци, сквернавење мртовци, сексуално задоволство со мртов човек. Главно се работи за психички растроени личности, малоумни и душевно болни, кои сакаат интимност со заспани, онесвестени или мртви луѓе, а неретко со садистички пориви за осакатување на безживотно тело. Некрофилија е слична со парафилија, според Фром, „љубов кон смртта“, страст кон неживи суштества или она што се распаѓа, со тежнеење за уништување и деструкција на живиот свет.
Н-Нимфоманија (nymohe + mania = невеста + лудило): женска ненаситност за секс, ненормален сексуален нагон, постојана потреба за сексуално задоволување, било преку партнерски сексуален однос, било со самозадоволување или нивна комбинација. Нимфоманките се психички оштетени личности, со знаци за ментални болести.

Една од причините за патот кон проституцијата може да е и нимфоманија, не заради материјална егзистенција туку заради ненормална потреба за секс. Нимфоманките тешко се врзуваат за еден партнер, промискуитетни се и чести консументи на оргии и бисексуални врски. Во грчката митологија нимфите ги спојувале со сатирите, бахати, развратни и сексуално ненаситни половина мажи-половина јарци. Понекогаш сексуално незаинтересиран или неспремен партнер, може да ја обвини партнерката за нимфоманија, само заради нејзината нормална потреба за секс, а својата немоќ, па навредувајќи сака да ја замаскира својата сексуална незаинтересираност.
Н-Неверство: Ништо посекси од спонтаноста, кога ќе осетиш нешто од душата и ќе си го кажеш, ќе кажеш дека сакаш или не сакаш, дека си љубоморен или не си, дека сакаш да разговараш и кога е време на молчење, па дури и да признаеш неверство и да се покаеш … Тоа е љубов, спонтаноста е љубов, таа не знае ни да калкулира ни да манипулира. А неверствата се стара и болна тема, опстојуваат низ сите времиња, религии, забрани и закони, за нив се испишани томови книги, научни трудови и никој не може да ги одгатне или осуди. Парадоксално, но неверствата се вечни колку и љубовта, ја ставаат на искушение, но не секој има трпение, како спасение. Што го турка човекот во туѓа прегратка дури и кога ја има крај себе како нежна и сигурна? Многу различни ставови, едни сметаат дека со неверството, духовната и физичка врска меѓу партнерите засекогаш е раскината, други дека не е непоправливо ако се признае и покаже покајување, трети дека е услов за подобрување на врската.

Од сите крајности излегуваат уште многу нијанси во стилот „нема неверство дур не те фатат на дело“, „жените изневеруваат со емоции – мажите со кондоми“ (не баш, инаку ќе немаше зарази и болештии),најчести се неверствата првите години од бракот, но и во средни години“ … Што би значело дека неверствата се за сите и во секое време! Но зошто?! Еден од најпознатите секс зависници Тајгер Вудс докажал на дело дека неверствата му се резултат на патолошка промискуитетност и побарал да се лекува (бар си признал). Промискуитетноста е генетска предиспозиција, ако веруваме во Дарвиновата теорија за еволуција и потекло од мајмуните. Веројатно е да се случи барем еднаш или неколку пати во тек на животот, но ако постојано се практикува со зголемување на едноцифрени во двоцифрени броеви, а да не коментираме за троцифрени, веќе е зависност. Обично партнерите последни дознаваат за неверството, па сепак психотерапевтите сметаат дека постои несвесно знаење за неверството, кога сите знаат, но се игнорира заради одржување мир во куќа, финансиска сигурност, двоен морал и безброј други оправдувања. Неверствата и сомнежите ја ставаат љубовта на маки, на тешки искушенија, вознемируваат, здоболуваат и оставаат последици. Сепак, оној кој љуби умее и да прости! И сè може да се прости освен насилството, особено врз деца. За сексуалните насилства врз најранливата категорија луѓе, може да прочитате од линкот објавен од Првата детска амбасада „Меѓаши“, со годишен извештај и статистички податоци за најтешките кривични дела, сексуалната злоупотреба на децата, чиј број секоја година расте (само минатата година забележани се 13 сексуални насилства врз деца):
Во прилог го објавуваме и Водичот за родители и наставници за заштита на децата од сексуална злоупотреба и насилства: http://www.childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/VODIC%20za%20roditeli%20i%20nastavnici%20za%20zastita%20na%20decata%20od%20SEKSUALNA%20ZLOUPOTREBA%20i%20pedofilija.pdf
Н – Неплодност: Пишува д-р Татјана Гуржанова
Причини за женски инфертилитет
Во околу една третина од случаите кога паровите не можат да забременат самостојно, женскиот фактор е единствената причина. Друга третина од времето, неплодноста е поврзана со комбинација на фактори кај двајцата партнери.
Главните причини за неплодност кај жените вклучуваат:
-Неплодност поврзана со возраста
-Проблеми со овулација
-Структурни проблеми со репродуктивните органи
-Необјаснета неплодност
Во повеќето случаи на женска неплодност, проблемите со овулацијата играат улога. Овулаторните нарушувања често се предизвикани од природно, поврзано со возраста намалување на количината и квалитетот на јајцето, но може да се појават и кај жени од сите возрасти кои имаат услови како што се предвремена инсуфициенција на јајниците, синдром на полицистични јајници (PCOS) или флуктуации на хормони поврзани со нарушувања во исхраната или прекумерен стрес или вежбање.

Структурните проблеми со матката, јајниците и/или јајцеводите се уште една од најчестите причини за женска неплодност. Во овие случаи, физичките абнормалности на репродуктивните органи можат да го попречат нормалното движење на спермата или јајцата или да спречат всадување на оплодено јајце.
Некои жени се родени со абнормална форма на матката, што може да влијае на можноста на ембрионот да се всади во обвивката на матката. Проблеми со имплантација може да се појават и кога има полипи или миома во wallидот на матката. Проблеми со матката, јајцеводите или јајниците исто така може да бидат предизвикани од ткиво на лузни оставено зад инфекција, сексуално преносливи болести, операции или ектопична бременост.
Ендометриозата е уште една од најчестите причини за женска неплодност, при што ткивото што нормално се наоѓа во внатрешноста на матката расте на друго место во абдоминалната празнина, на моменти попречувајќи го нормалното движење на јајцата и спермата.
Во некои случаи, тестирањето наоѓа неколку одговори, а причините за женска неплодност остануваат неразјаснети. За жени со дијагноза на „необјаснета неплодност“, напредните опции за третман сè уште можат да дадат надеж, а нашите специјалисти за плодност во Њуборн Клиник продолжуваат да бараат одговори преку насочени истражувања.

д-р Татјана Гуржанова
Причините за машка неплодност
Плодноста кај мажите зависи од сложената интеракција на хормоните, производството на сперматозоиди и способноста на спермата да дојде до јајце-клетката и да навлезе во него. Причините за машка неплодност можат да влијаат на спермата во која било фаза од ова патување, и додека некои причини можат да се подобрат со третман и промени во животниот стил, други може да се надминат само со помош на асистирана репродуктивна технологија.
За да создадат најефективен план за лекување за секоја двојка, нашите специјалисти за неплодност во Њуборн Клиник обично започнуваат со сеопфатен тренинг за плодност и за машки и за женски партнер.
За мажите, тестирањето за плодност започнува со сеопфатна анализа на сперма, што честопати може да укаже на причините за машката неплодност.
Наоѓање на причините за машката неплодност:
-Нема доволно сперматозоиди или слаб број на сперматозоиди
-Сперматозоиди кои не можат да се движат нормално, или слаба подвижност
-Сперма кои не се формираат нормално, или слаба морфологија
Нискиот број на сперматозоиди може да биде предизвикан од неможноста да се произведе сперма, што кај некои мажи има генетска основа. Мажите со семејна историја на неплодност се изложени на поголем ризик, како и мажите со одредени хронични болести, претходни повреди на тестисите или инфекција.
Друга од вообичаените причини за машка неплодност е варикоцела, што е зголемена проширена вена во тестисите што предизвикува крвно собирање и зголемување на температурата, што влијае на производството на сперматозоиди. Околу 40% од неплодните мажи имаат варикоцела.

Одредени други фактори на ризик може да бидат поврзани со низок број на сперматозоиди, вклучително и со неспуштени тестиси како дете или историја на рак, хемотерапија или изложеност на зрачење или токсини Проблемите со простатата и хормоните, исто така, можат да влијаат на спермата, како и на продолжената изложеност на извори на топлина, како што се сауни, врели кади или високи трески.
Некои мажи може да имаат многу сперматозоиди, но родени се со вродени маани, како што е отсуството на деферентни вазни, што го спречува протокот на сперма од тестисите. Другите страдаат од траума на репродуктивните органи или имаат инфекции или операции што можат да предизвикаат лузни и тубални пречки подоцна во животот. Кај некои мажи, спермата тече во мочниот меур за време на ејакулација, состојба наречена ретроградна ејакулација. Околу 10% до 15% од мажите имаат азооспермија или целосно отсуство на сперматозоиди во спермата.
Истражувањата го поврзаа слабиот квалитет на спермата со фрагментација на ДНК, што се случува со стареењето. Пушењето, злоупотребата на супстанции, изложеноста на токсини и одредени сексуално преносливи болести се поврзани со промените во функцијата на сперматозоидите.
За околу половина од неплодните мажи, тестирањето не ги открива причините за машката неплодност, а состојбата останува необјаснета. За среќа, асистираната репродуктивна технологија, како што е интраутерино оплодување (IUI) и ин витро оплодување (ИВФ) со интрацитоплазматско вбризгување на сперма (ICSI) може да им помогне дури и на мажите со тешка неплодност на машкиот фактор“.


















