Бизнис и економија

Трамп подготвува зголемување на царините за 16 големи економии

САД би можеле да објават во следните денови нови царини за увоз од Кина, Европската Унија и 14 други економии, јави Скај њуз.

Точниот износ на царинските давачки, производите на кои тие би се применувале и датумот на нивното стапување во сила се уште не се познати.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД треба да ги објави резултатите од едномесечната анализа за вишокот индустриски капацитет и производство во тие економии.

Администрацијата на Доналд Трамп тврди дека прекумерното производство, потпомогнато од владини субвенции, создава вишок евтина стока што ги поткопува американските компании.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %