ВАКЦИНИРАЈ СЕ
Министерство за здравство: Многу земји веќе воведоа здравствени сертификати
Мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа.
Не сме единствена земја која ќе воведе мерки. Многу порестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот.
Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати, кои во Австрија се сè уште неопходни за посета на ресторани, хотели и спортски центри. Вакви мерки се актуелни и во Португалија и Ирска, додека во Луксембург се построги и вакциналниот сертификат е задолжителен и при влез во маркетите.

















