Екологија

Јавна презентација за Националниот регистар за подземни води

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека денеска ќе се одржи јавна презентација на Националниот регистар за подземни води.

Воведно обраќање, како што е најавено, ќе имаат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман.

– Целта на Програмата е да ја поддржи Северна Македонија во воспоставување на долгорочно, повеќестепено и системско управување со подземните води како важен стратешки природен ресурс, и да ги зајакне релевантните власти и граѓанското општество за нивно одржливо управување, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %