Култура

Хуманитарна претстава

Токму на празникот Љубов, Вера и Надеж, Корчагиновци по втор пат ќе ја одиграат претставата ,,Чекајќи го…” во хуманитарни цели за наш Марко! Ги предизвикуваме на хуманитарен двобој витезитете со добро срце, на хуман мегдан каде победуваат љубовта и добрината! На 30 септември во 20ч МНТ уште еднаш ќе ги отвори театарските порти за витешка публика! Корчагиновци ќе ја играат музичката драма,,Чекајќи го…”, очекувајќи дека ќе добијат аплауз од вкупно 529 хумани луѓе, колку што има седишта во салата. Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари. Организации, компании, агенции, конзуларни преставништа, фирми и колективи, групно или поединечно, бидете дел од хуманата акција со слоган #ијассуммарко!

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %