Колумни

Тутанкамонијада

Свесно или несвесно, по сопствен избор или препорака, луѓето често бираат професија според потенцијалите на своето тело и физичките предиспозиции. Само еден поглед на елегантните униформи на стјуардесите и нивната блажена насмевка,  се доволна утеха на  патниците за нивниот спокој, наспроти законите на гравитацијата. Зарем на тоа складно тело и убава насмевка може нешто непријатно да им се случи? Убавината влева сигурност, но и лажна надеж. Старите Египјани се мумифицирале зашто верувале во единството на телото и душата, верувале во убавината и ја славеле како  подоцна Старите Грци и Римјани. Разделувањето, одвоеноста на свето од профано,  на богови од смртници доаѓа подоцна  со грчката митологија, според која боговите живееле на врвот на  Олимп, одделно од обичните смртници… Култот кон телото во античкиот период бил сеприсутен, дури ни страшните митски чудовишта не биле многу грди (страшните Еринии имале змии во косите, ама убави тело, киклоп бил корпулентно граден едноок џин). Првите грозни зомби ликови во литературата ги гради Мери Шели во готскиот роман преку ликот на Франкештајн. Но, култот кон телото во новиот милениум стана  сеприсутна преокупација на луѓето,  фетиш кон сите можни делови на телото, па и најинтимните. Од викторијанските корсети, од кои дворските дами умирале стегнати до смрт, сакајќи механички да имаат тенок струк, па сѐ до новите милениумски изуми за разубавување, со разни хируршки и естетски акробации од кои, мора да признаеме, почнуваме да личиме на дворски шутови, а не на дворски дами. Човештвото повеќе гладува за физичка убавина отколку за духовна. Дури и од квалитетна храна би се откажале за некоја естетка интервенција. Убаво е да убавееш и  да се разубавуваш, но проблемот настапува со радикалните  естетски интервенции  кога новиот телесен идентитет не може да воспостави рамнотежа со старата душа. Старата душа во новото  тело треба одново и целосно да го спознае светот околу себе. Така сонот за вечна младост може да  стане ноќна мора,  вечно нов почеток, вечна  потреба за подмладување,  вечни ангажмани, вечни полетување и акробации. Но, кога ќе слеташ и атерираш, ти останува само душата. И така, историјата докажа дека единствено тело за сите времиња е балсамирано тело. Новомилениумскиот крик за убав лик е налик на Тутанкамонијада  -исти лица, исти тела, ама  со иселена душа. 

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %