Средба на неформалната зелена собраниска група со граѓански организации од Западен Балкан
Неформалната зелена собраниска група денеска ќе одржи средба со граѓанските организации од земјите на Западен Балкан во рамки на СМАРТ Балканс проектот.
Како што информираат од Собранието, целта на средбата е размена на искуства и знаења, како и градење на стратешки партнерства помеѓу граѓанските организации и институции од регионот поврзани со темата: „Ризици од корупција во животната средина“.


















