Бизнис и економија

Средба на Бектеши со министерот за економија на Саудиска Арабија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имал средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Алибрахим, на која бил констатиран позитивен развој на односите помеѓу двете земји и се разговарало за можностите за продлабочување на  соработката.

-Министерот Бектеши на својот колега, министерот за економија и планирање на Саудиска Арабија, му ги пренесе макроекономските резултати кои ги оствари Република Северна Македонија во изминатиот период како и можностите и потенцијалите за инвестиции во нашата земја, соопшти Министерството за економија.

Двајцата министри се согласиле дека за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, во наредниот период е неопходно да се потпише договор за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија.

Со тој договор, се посочува во соопштението, ќе се постави основа за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји, како и можност за организирање бизнис-форум помеѓу инвеститори и компании од двете земји.

-На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можните полиња за идна соработка со што ќе се интензивира развојот на економските односи помеѓу двете земји, наведува Министерството за економија. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %