Екологија

Се бараат волонтери за проект во Турција

Волонтерски Центар Скопје бара 4 волонтери за учество на краткорочен (двомесечен) ЕСК проект под наслов: “Join our International Journey 2020” во Анкара, Турција.

Првата група е од средината на септември 2021 година и се бараат двајца волонтери, а втората група е од почетокот на декември 2021 година со исто така двајца волонтери.

Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.

Волонтерите ќе бидат одговорни за подготовка на активности на Универзитетот (Ankara Social Innovation Youth Center). Тие ќе помагаат во канцелариската работа, ќе ги промовираат активностите на социјалните медиуми и ќе пишуваат написи за месечниот магазин „Youthtelegraph“. Други задачи вклучуваат: работа со бегалци, работилници во Центарот за лица со посебни потреби, настани за чистење на животната средина и онлајн активности како што се вебинари и дебати. Волонтерите, исто така, ќе имаат простор за спроведување на нивните идеи, проекти и активности.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %