Екологија

САД за две години треба да отстранат четири брани на реката Кламат, причините еколошки

САД го одобија најголемото отстранување на брани во својата историја за да може да се обнови реката Кламат, се наведува на веб-страницата на проектот.

Станува збор за отстранување на четири брани на реката Кламат долга 414 километри, која ги дели сојузните држави Орегон и Калифорнија.

Браните Џи-Си Бојл, Копко 1, Копко 2 и Ајрон Гејт се планира да бидат отстранети во текот на 2024 година. Тие се градени од почетокот до средината на 20 век, а најголемата од нив, Ајрон Гејт (Железната порта), достигнува височина од 52 метри.

За ваквата одлука на властите пресудија еколошките причини – обновување на живеалиштата на лососот и подобрување на квалитетот на водата, како и одржување на племињата за кои лососот е услов за преживување.

Компанијата која управува со браните, „ПацифиКорп” (PacifiCorp) – се согласи со мерката бидејќи по воведувањето на построги прописи, кои ја принудија компанијата да гради рибарски мрежи и скали, отстранувањето на браните им е финансиски поподносливо.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %