Македонија

ПРОТОКОЛИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПОСЕБЕН ДЕТСКИ ДОДАТОК И ДОДАТОК НА ПОПРЕЧЕНОСТ ЗА ДЕЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Коалицијата МЕНУВАМЕ будно ја следи имплементацијата на КОНВЕНЦИЈАТА НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП на ОН во Македонија каде истата е ратификувана во Собранието на Македонија во 2011 година и е во Уставот Член 118.

Соопштението на коалицијата Менуваме го пренесуваме во целост:

Како и настанатата состојба со пандемијата Ковид-19, особено во сферата на човековите права, посебно на актуелната состојба со релевантните фактори кои се одговорни и кои што треба да се грижат за СОЦИЈАЛНАТА СИГУРНОСТ, инклузија, пристапност, социјализацијата се правата на децата и лицата со попреченост во кои што припаѓаат децата и лицата со попреченост и кои што своето права за достоинствен живот веќе 30 години го бараат правото во Македонија.

Следејќи ги искуствата кои што се добиваат од околните и европските сродни институти, преку воспоставената соработка на НВО од Европските држави, коалицијата МЕНУВАМЕ подготви предлог протоколи за правото на ПОСЕБНИОТ ДЕТСКИОТ ДОДАТОК и ДОДАТОКОТ НА ПОПРЕЧЕНОСТ за деца и лица со попреченост како да се покачи од страна на државата.

Протоколите се плод на многу размислувања, разговори, согледување на негативните и позитивните страни на протоколите и методологијата на нивните изработки се базираше на следните факти:

  1. Посебниот Детски додаток од 5.100 на 10.000 денари и додатокот за попреченост од 7.100 на 12.000 денари.
  2. Министерство за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и Влада на Македонија веднаш нека свикаат Владина седница и на истата да се донесе ОДЛУКА за пренамена на буџетски средства.

2.1 Досегашната пракса на финансирањето на 7-те ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија да не се финансираат од буџетот на државата од (ИГРИТЕ НА СРЕЌА 33%, МИНИСТЕРСТВА И ДР) на годишно ниво се (СТО ОСУМДЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ).

2.2 СТО ОСУМДЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ да се додадат во буџетот за Посебен детски додаток и додатокот на попреченост.

2.3 ако можеме сите невладини да се бориме без буџет со душа и срце можат и тие ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ кој ги нема никаде.

Коалицијата МЕНУВАМЕ како партнер од невладиниот сектор упорно чекаше решение за проблемот, но сè уште го нема и се одлучи на ваков начин да придонесе за брзо и ефикасно решение.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %