Став на опозиција

ПРОТЕСТ

ВМРО ДПМНЕ

Откако цените отидоа плафон, Бектеши носи мерки, а решението е само владата да ги намали даноците и акцизите.

Крешник Бектеши денес се фали со замрзнување на маржата на производите за исхрана, а не кажува дека со тоа ќе затвори голем број пекари, малопродажни објекти и ќе влијае лошо на целата економија. Власта не се откажува од акцизата за да има повеќе да краде.

Наместо замрзнување на цените, потребно е намалување на даноците и акцизата за горивата.

Само со 50% намалување на акцизата на горивата и ДДВ од 18 на 5% цените на горивата ќе бидат за 25 денари пониски, а со тоа ќе заштедат граѓаните, производството ќе биде поевтино, транспортот исто така.

Импликациите врз буџетот ќе бидат околу 50 милиони евра помалку за една година, и тоа во прв план, но импликациите врз економијата ќе бидат неколкукратно поголеми, бидејќи и самото производство ќе биде поконкурентно.

Од друга страна со 0% ДДВ за продуктите за исхрана и други продукти кои се важни во криза ќе се спаси стандардот на граѓаните и ќе се спречи бран на сиромаштија.

Власта не размислува за народот и економијата, туку многу кусогледо гледа само за себе. Тоа гледање само од аспект на полнење на буџетот ќе ја чини државата и народот премногу. Затоа премногу е од оваа власт, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %