Промоција на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени”
Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени”, чија цел е да поддржува локални и национални акции и партнерства за климатска акција и справување со климатските промени.
На промоцијата најавено е обраќање на амбасадорката на Шведска во Скопје, Кристин Форсгрен Бенгстон и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и на претставник од проектниот конзорциум.
Вкупната вредност на проектот е 1.3 милиони евра и ќе се спроведува до мај 2024 година. Во рамки на проектот, 20 организации ќе добијат грантови од 5 до 50.000 евра за реализирање на проекти, а вкупната вредност на програмата за регрантирање на организациите е 400.000 евра.
Проектот го спроведува проектен конзорциум предводен од Еко-свест во партнерство со Здружението на млади правници МЗПМ и Организацијата за заштита на природните вредности и луѓе-SNVP. Проектот ќе се спроведува до мај 2024 година и е целосно поддржан од Шведската меѓународна агенција за соработка – СИДА.


















