Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотека
Култниот филм „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, а проекцијата е во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а главните улоги ги толкуваат српските актери: Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.
Слободан Шијан е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Исто така, е на неколку најпопуларни српски играни филмови, низа публикации, книги за филмови и визуелната култура.
Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк


















