Свет

Почина Шинејд О’Конор

Ирската пејачка Шинејд О’Конор, која се прослави со изведбата на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“, почина на 56-годишна возраст, потврди нејзиното семејство, јавија ирските и британските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека познатата пејачка, која има снимено 10 албуми, минатата година го загуби синот кој тогаш имал 17 години и оти имала историја на психички проблеми.

Минатата година беше снимен биографски филм за неа, а таа самата објави мемоари во 2021 година.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %