Колумни

Помодарство via информации

Пишува Ненад Алексиќ

Дваесет и првиот век е ера на лесен и брз пристап до информации од сите страни на светот – лага! Во времето во кое живееме, точната  информацијата стана најголемиот луксуз кој може да си ги дозволи поединецот. Тоа што има милиони портали, новинари и вести, кои иако изгледаат дека се олеснителна околност, всушност се замка за човековиот мозок. Како луѓе се навикнавме да ги „голтнеме“ сите вести што ни се нудат на дневно ниво, иако не сме создадени со толкав апетит за (без)корисни информации.

Информацијата нема никаква вредност и значење, ако не е вистинита! Токму тука паѓаат во вода милионите портали, новинари и вести споменати погоре. Токму тие многубројните, ни го отежнуваат патот до вистината. За да дојдеме до вистинита информација потребно е истата да ја провериме од повеќе извори, потоа тие извори да ги споредиме и да ја провериме нивната релевантност, и на крај да се обидеме да сфатиме дали некој има корист од пласирање лажна информација…

Сето ова одзема многу време и енергија и на повеќето луѓе им е полесно со еден клик да креираат слика за нешто што се случува на илјадници километри од нив и како стадо овци да бидат дел од аморфната маса покриена со ефтината прекривка на помодарството.

Наведеното, креира неверојатна инертност која со себе повлекува широки народни маси кои натежнуваат кон посакуваната цел, а која доколку би се остварила, нивниот живот би се претворил во пекол!

Затоа апелирам да го зачувате вашиот разум од помодарството кое произлегува од информациската „помија“ која ви ја сервираат секојдневно. Не ги делете готвачите на помијата на демократи и диктатори, туку полека и внимателно „куснете“, споредете, анализирајте па дури потоа проголтајте.

Ставовите на авторот се негови лични ставови и не ја одразуваат позицијата на порталот Човекот пред се.

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %