Полицијата за шест часа санкционирала 141 возач во општина Бутел
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17:00 до 23:00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Бутел во Скопје. При контролата санкционирани се 141 возач, од кои 88 за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, две мерки за нерегистрирани возила…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.


















