Екологија

Пожар во Франција зафатил 750 хектари во долината на реката Ардеш

Пожарот во југозападна Франција се прошири до долината на реката Ардаш и сега зафати 750 хектари, поради што локалното население е евакуирано, соопштија локалните власти.

Од избувнувањето на пожарот утринава, евакуирани се две фабрики во малиот град Лавилди, како и прифатилиште за животни и кампови, а во тек е евакуација на селото Вога.

– Пожарот избувна помеѓу 8:30 и 8:45 часот и напредуваше многу брзо поради силниот ветер, изјави градоначалникот на Лавилди, Жерар Сокл, за ТВ БМФ и потврди дека 450 пожарникари се ангажирани во гаснењето на пожарот и евакуацијата на загрозените.

Претходно овој месец, шумските пожари изгореа повеќе од 20.000 хектари во департманот Жиронд во југозападна Франција, откако Франција и остатокот од Европа беа погодени од рекорден топлотен бран.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %