Колумни

ПЕКОЛ

 

Сите вие кои влегувате внатре оставете ја секоја надеж надвор.

Пекол, Данте Алигиери

Деновиве движејки се со мојата концертна трупа низ Македонија, скоро секаде, во секој град, наидував на една иста реакција: ЛЕЕЕЛЕЕЕ, ВРЕМЕВО Е ПЕКОЛ!

Скоро секаде при непосредна комуникација со граѓаните кога ќе го чуев тоа реагирав: НЕ Е ТОЧНО ВРЕМЕТО Е СУПЕР. ЈУЛИ Е , ШТО САКАТЕ И ДАЛИ ЌЕ ГО ПОПРАВИТЕ ВРЕМЕТО АКО КУКАТЕ ДЕКА ВРЕМЕТО Е ТАКВО?!

Знам, вемето е претопло, воздухот е тежок, но, дали сме се запрашале зошто е тоа така и дали ние не сме зеле учество во климатските промени кои што се тренд во моментот?

Дали и ние не сме допринеле за тие климатски промени?

Бидејки во моментов е гооооолееем тренд да се говори *загрижено* за глобалното затоплување еве и јас да допринесам за таа тема и да поставам неколку *глобални* прашања кон сите себично загрижени.

Господо и мои Дами, дали некогаш сте засадиле некое дрвце за сметка на кубиците, немилосрдно, исечени дрва?

Дрвјата се сечат немилосрдно пред зима, време во кое ќе кукаме колку ни е ладно или пред избори кога на * гласачите* им се дозволува да копачат и сечат без ред и зелени и суви дрвја. Дали сваќаме дека во моментов живееме со едно белодробно крило бидејки токму тие дрвја се белодробието на нашата Мајка?!

Дали сте се запрашале што прави чадот од огнот од запалените шуми? Дали тој чад не ја уништува атмосферата, заштитната облека на Мајката земја? Дали не сте запрашале дека можеби истата таа Мајка  ни се одмаздува за нашето човечко дивеење?

Тука се и војните, гранатирањата , подземните атомски проби…….. Е па дојдени сме и на нашата Мајка преку глава и почнува немилосрдно да ни враќа. Ни враќа и со камата ни наплаќа, дури мислам дека сеуште е нежна со надеж дека ќе се вразумиме! Ами, како да не.

Текстов го пишувам на мојот чардак во Прилеп и седам во позиција каде има провев и имам чувство дека тоа ветренце дури и ме милува. И дури го пишував погорното наиде една пријателка која ми кажа дека времето е ПЕКОЛ.

Хахахахаааааа, низ смеа и реков дојди во Скопје и тогаш ќе сватиш дека овде е прекрасно, а пеколот е во Скопје.

И јас не знаев додека пред некој ден морав да заминам во Скопје и да останам таму три дена. Еееееееј, цели три дена.

Првиот контакт со мојот град беше врелиот воздух, закиселен и ужегнал и како со токмак да те мава. Немаш воздух, имаш потреба да си ги распориш градите со надеж дека ќе продишеш. Страшно.

И на сите оние кои доаѓаат во Скопје им препорачува дека влегуваат во пекол и надежта дека живи ќе излезат нека ја остават кај Катланово.

И зошто е тоа така?

Па заради зградите кои никнуваат како печурки после дожд. Секоја слободна површина, зелена, се ништи и се заменува со бетон. Секое ќоше каде имало дрвце се ништи и се заменува со бетон Згради се подигаат мимо сите градежни стандарди, комшиите може слободно да си се поздрават преку прозор. Ружата на ветровите ја снема, го снема водњанецот, го снема вардарецот и после сме сакале да имаме. Е нема.

Се додека ја имаме градежната мафија засладена со * раководната* мафија за нас простосмртните нема надеж.

Сочувствувам со вас драги мои скопјани и еве ме наскоро меѓу вас заедно полека, тивко, но сигурно да умираме.

Ваш МАРИН БАБИЌ

 

Можеби ќе ви се допадне

Колумни

Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %